Охридско мало грунче () (Karaman, 1924) Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година е вид риба зракоперка, од семејството крапови. Го има во Албанија и Македонија. Неговите природни живеалишта се реки и слатководни езера. Загрозена е поради загуба на живеалиштата.

Опис и распространетост Охридското мало грунче е најмалиот претставник на автохтоната рибна популација во Охридско Езеро. Телото е издолжено, долго 5-6 см. Устата е мала, поставена косо речиси под агол од 45 степени. Долната вилица е подолга од горната и е исфрлена нанапред. Има голем број на многу ситни лушпи. Телото на горната страна е темно обоено, додека стомачната е посветла.

Основни биолошки одлики Екологијата на овој вид мне е доволно проучена. Се мрести во пролетно летниот период од месец мај до месец јуни.

Значење Охридското мало грунче нема стопанско значење нити за стопански ниту за рекреативен риболов. Има големо значење и тоа во областа на еволуцијата и зоогеографијата на рибите на Балкански Полуостров.

Наводи

Категорија:Видови без доволно податоци според МСЗП Категорија:Риби во Охридско Езеро Категорија:Таксони именувани од Станко Караман