Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по словенските просветители и светци Свети Кирил и Методиј.

Местоположба

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е сместено во центарот на градот Битола, а во негов состав работи и подрачното училиште во селото Логоварди.

Историја

Објектот во кој е сместено основното училиште е изградено за време на турското ропство за потребите на занаетчиите еснафи. Изградено е со доброволна работа на македонското население и парични средства на 36 еснафи од Битола.

На 21 јули 1896 година, на местото на „Женското четирикласно училиште“ кое било во непосредна близина на црквата „Св. Богородица“, се положиле темелите на училиштето. Истото требало да биде долго 29,40 м, широко 18,60 и високо 11,70 метри и да има 16 светли и функционални училници. Осветувањето на објектот се случило на 7 септември 1897 година кое го извршил отец Герасим. Објектот чинел 1.750 турски лири.

Еден од учителите во тоа време бил истакнатиот деец и револуционер Даме Груев, а во годините 1900/01 како учител овде работел и творел познатиот македонски револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во втората половина на месец ноември 1944 година во училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 4 февруари 1944 година започнала наставата на македонски јазик.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Логоварди, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Битола Категорија:Основни училишта во Битола Категорија:Основни училишта во Македонија