Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Драслајца; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во струшкото село Драслајца, Општина Струга.

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа на самиот почеток на селото.

Историја

Училиштето било основано во 1964 година, а денешната училишна зграда била подигната во 1985 година.

Настава

Во централното училиште наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до деветто одделение.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Св. Климент Охридски“ - Биџево, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Ложани, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Мороишта, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Драслајца Категорија:Драслајца Категорија:Основни училишта во Македонија