Основно училиште „Хасан Тахсини“ (во минатото: Основно училиште „29 Ноември“; официјално: Подрачно основно општинско училиште „Хасан Тахсини“ - Седларево; скратено: ООУ „Хасан Тахсини“) — подрачно основно училиште во тетовското село Седларево, Општина Желино, составен дел на истоименото училиште од селото Рогле.
Училиштето е именувано по истакнатиот албански астроном, математичар и филозоф, Хасан Тахсини.
Историја
До учебната година 1993/94 година училиштето го носело името „29 Ноември“. Оттогаш го носи името Хасан Тахсини, албански астроном, математичар и филозоф.
Во 2015 година, училиштето добило плакари за пет училници со средства обезбедени од германската амбасада во Скопје.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Желино Седларево Категорија:Седларево