Драган Попоски - Дада (, Прилеп - , Скопје) — македонски вајарДраган Попоски – Дада.
Животопис Попоски е роден во 1933 година во Прилеп, завршил академија за ликовни уметности (1961) и последипломски студии (1964) во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска и САД. Од 1965 година остварил повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври“.
Творештво мини|Скулптурата Бескрајна вертикала од Драган Попоски-Дада, 1986, во дворот на дирекцијата на Бундесбанка во Франкфурт на Мајна Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада бил долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облици имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацијативност. Од друга страна, пак, неговите фигури се исто така суптилно стилизирани, со монументално чувство во внимателното градење на односот на масите.македонскиот вајар Драган Попоски Дада.
Драган Попоски - Дада бил доајен на македонската современа скулптура, кој дал силен белег и оставил неизбришливи траги во развојот и меѓународната афирмација ва македонската современа ликовна уметност.Дада
Наводи
Категорија:Македонски вајари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Апстрактни вајари Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет