Тузлија — археолошко наоѓалиште во градот Штип. Претставува некропола од римско време.

Во непосредната близина на маалото Стар Конак, на падината што се спушта кон коритото на Брегалница е уништен голем број гробови со камени конструкции од кои се зачувани неколку керамички садови. Некрополата му припаѓа на комплексот на древниот град Астибо.

Поврзано Астибо Список на археолошки наоѓалишта во Штипско

Наводи