''Клод Моне слика во своето ателје'' или ''Моне на неговиот чамец'' () е слика, масло на платно од 1874 година од Едуар Мане. На неа се гледа како неговиот пријател Клод Моне слика во неговиот „чамец - ателје“ како и приказ на неговата сопруга. Ова бил стар чун што го купил Моне околу 1871 или 1872 година, од кој ја набљудувал светлината на Сена.

Сликата претставува највисоко сведоштво за односот на заемно почитување што постоела помеѓу Мане и Клод Моне, е позната и како - „Моне сликарството во лебдечкото ателје“, иронично алудирајќи на важноста што импресионистите ја припишувале на воздухот: практика што вклучува создавање слики на отворено, во контакт со природата, а не во затворените ателјеа, удобни, но анонимни.

Со ова дело, Мане исто така слика на отворено, не сакајќи да го изложува својот пријател на долги и заморни сесии. Специфичноста на оваа слика е во брзите потезите со четката, при што ги занемарува деталите, за да го пренесат севкупниот впечаток.

Во оваа смисла, оваа слика е најблиска до импресионистичкиоте принципи, вклучително и на нејзината хроматска текстура како играта на сините нијанси.

Особено за потенцирање е прикажувањето на раздвиженоста на водата и безбојните светлосни рефлексии во неа, детаљ што ја приближува до најистакнатите дела на Моне. Всушност, Мане ја распарчува светлината во мали дамки од жолта, зелена, розова, па дури и црна боја: овој хроматски избор, со оглед на омразата што импресионистите ја имаа кон црната боја, која се сметала за забранета, сепак ја открива суштинска автономија на уметничка концепција во однос на влијанието на младите колеги.

Во време на импресионизмот и постимпресионизмот има повеќе уметнички дела во кои еден автор го слика другиот колега во својата работа, со што, запоставените и потценети во тоа време, сликари на едно значајно стилско движење ја нагласуваат и мултиплицираат идејата за импресионизмот]] во апсолутна смисла, така познати се портретите што ги изработил Пол Гоген на Винсент ван Гог и Винсент ван Гог на Пол ГогенClaude Monet painting in his studio.

Библиографија Marcello Venturi: De mooiste meesterwerken van Manet. Het Laatste Nieuws, 2005.

Наводи

Надворешни врски Manet peint Monet Het schilderij op de website van de Neue Pinakothek

Категорија:Слики од Едуар Мане Категорија:Уметнички слики од 1874 Категорија:Француски сликари Категорија:Француско сликарство Категорија:Француска уметност Категорија:Француски уметнички слики Категорија:Француски уметници