Карлос Фуентес (шпански: Carlos Fuentes, 1928 - 2012) бил мексикански писател, дипломат и универзитетски професор.
Животопис Карлос Фуентес е роден во Панама, во семејство на дипломати. Детството го поминал во повеќе градови во Латинска Америка, а од 1934 до 1940 година живеел во Вашингтон, каде го продолжил образованието и го научил англискиот јазик, што подоцна му овозможило и тој да стане дипломат. Исто така, тој предавал на неколку угледни универзитети, како: Харвард, Принстон, Кембриџ, Корнел и Колумбија. По убедување бил социјалист и бил приврзаник на запатистите, ја поддржувал Кубанската револуција, а потоа и сандинистите во Никарагва, а тоа било причина за раскинувањето на односите со неговиот близок пријател Октавио Паз. Поради спротивставувањето на американската интервенционистичка политика, на Фуентес му бил забранет влезот во САД, а негови блиски пријатели биле Чарлс Рајт Милс и Луис Буњел.Karlos Fuentes, Smrt Artemija Kruza. Beograd: Dereta, 2015.
Творештво Карлос Фуентес се смета за еден од најголемите современи латиноамерикански писатели, а неговите дела се преведени на 24 јазици. Неговите најважни романи се: Смртта на Артемио Круз Terra Nostra Стариот Гринго Дијана или осамената божица на ловот
Наводи
Категорија:Мексикански писатели Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Родени во 1928 година Категорија:Погребани на гробиштата „Монпарнас“