Зграда и галерија Калифорнија (португалски: Edifício e Galeria Califórnia) — зграда за комбинирана употреба во Саун Пауло.

Проектирана е од архитектот Оскар Нимаер (1907–2012) во соработка со Карлос Лемос (роден 1925). Зградата била градена од 1951 до 1955 година.

Зградата Калифорнија во приземјето е галерија, а во горните катови - станбен објект.Edifício e galeria Califórnia.

Опис Зградата има десет ката, со уште три ката поставени подземја, вкупно тринаесет спрата. На котата на Руа Дом Хосе де Барос, на долниот дел од галеријата (горниот дел е 8,4 метри во висина) и поради разликите во нивоата меѓу двете улици, зградата сега има осум ката по трасата попреку. Со оваа конфигурација, со внатрешниот двор, севкупната волуминозност на објектот е тринаесет ката низ целата зграда.Oscar Niemeyer.

Стилски одлики

Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој авторот направил баланс помеѓу своите стилски претензии (особено во ентериерот) и побарувањата на инвеститорот. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челик. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки. Galeria Califórnia foi projetado pelo arquiteto Oscar Niemeyer em 1951.

Наводи

Надворешни врски Edifício e Galeria Olido Galeria do Rock

Категорија:Градби на Оскар Нимаер Категорија:Модернистичка архитектура во Бразил