Мала Река — населено место во Трговиште на Пчињскиот Управен Округ, јужна Србија.
Историја На крајот од XIX век Мала Река било село во Прешевската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Мала Река имала 70 жители, сите Македонци христијани. Населението било под удар на српската пропаганда, па според митрополитот скопски Фирмилијан во 1902 г. во Мала Река имало 15 патријаршистички куќи кои тој ги нарекува „српски“.Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г. По податоци на секреатарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мала Река (Mala-Reka) имало 96 Македонци под патријаршијата, кои пак тој ги нарекува „гркомани“ (поради црковната припадност).Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 144-145.
Во 2011 г. селото имало 17 жители, сите Срби.
Население
1948: 80 1953: 78 1961: 71 1971: 48 1981: 38 1991: 31 2002: 21 2011: 17
Наводи
Категорија:Трговиште (Србија) Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Населени места во Вардарска Македонија