Основно училиште „Јунус Емре“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Челопеци; скратено: ПООУ „Јунус Емре“) — подрачно основно училиште во селото Челопеци, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Челопеци.

Иако Челопеци се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.

Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.

Местоположба

мини|200п|лево|Поглед на училиштето

Училиштето е сместено во самиот средиштен дел на селото Челопеци.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Вкупно има 19 ученици од прво до петто одделение, кои се распоредени во 2 комбинирани паралелки.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Челопеци Категорија:Челопеци