Горно Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Долно Гратче. Претставува населба од доцноантичко време. На 1 км источно од наоѓалиштето Долно Градиште, на левата страна од утоката на Голема Река во езерото Гратче се издига голем рид со доминантна положба. На неговиот врв има зарамнет простор со димензии од 200 × 120 м, на кој се зачувани остатоци од бедем. На површината на градиштето се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди. Значаен е фактот дека на многу мало растојание биле изградени две големи градишта, што било редок случај.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069

Поврзано

Долно Гратче; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи