Голема Страна — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2,5 км јужно и југоисточно од селото помеѓу Влашки и Прждевски Дол, во должина од речиси 1 км се простираат низи од издолжени ритчиња. На благите падини се среќаваат помали групи од градежен камен, како и фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси. На неколку места постојат индиции за присуство на темели од профани објекти.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 231, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Градиште — населба, храм и некропола од римското време; Грамади — населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Тополичка Чешма — храм и некропола од римското време; Ќофкарец — осамен наод од римското време.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан