Брест — археолошко наоѓалиште во неготинското село Криволак. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време.

На околу 3 км северно од селото, во близината на левиот брег на реката Вардар, на една блага падина се пронајдени гробови со камена конструкција од типот циста. Во близината на гробовите, односно некрополата, се среќаваат фрагменти од керамички садови и многуброен градежен материјал.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско

Наводи