Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Соколарци. Претставува градиште од доцноантичко време. На 2 км северно од селото се издига висок рид на кој се зачувани остатоци од темели на бедем граден од кршен камен и варов малтер кој оградувал простор од околу 150 × 100 м. На површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во внатрешноста на тврдината се гледаат и темели од неколку објекти.

Поврзано

Соколарци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи