Грамади — археолошко наоѓалиште во штипското село Криви Дол. Претставува населба од доцноантичкото време. На околу 200 до 300 м источно од селото, по површината на нивите, кои зафаќаат простор од 2-3 хектара, се среќаваат делови од керамички садови. Во средишниот дел има мал простор на кој се забележуваат темели од градби.
Поврзано Градиште — утврдување од доцноантичкото време; Долна Бежанија — населба од бронзеното време; Јанчовец — некропола од доцноантичкото време; Криви Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи