„Бог да го убие Шефки качакот“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси качак по име Шефки кој во песната зулумел по Битолско. Песната е од ајдутски карактер.
Текст -Бог да го убие џанам тој Шефки качакот, тој Шефки качакот, тоа бесно куче. Што ми посегнал, џанам, битолските села, битолските села, село Могилово.
Ој ти бре Шефки море, ти бре бесно куче, на небо те барав, на земја те најдов. Дури ми те најдов Шефки нозете ме болат, нозете ме болат од тешки куршуми.
Доста си носел Шефки таа бердан пушка, сега рече Господ јас да ја носам. Доста си носел Шефки таа остра сабја, сега рече Господ јас да ја носам.
Доста си јавал Шефки таја брза коња, сега рече Господ јас да ја јавам.
Надворешни врски Бог да го убие Шефки качакот (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org
Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски ајдучки песни