Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Пресека. Сместена е во маалото Горна Пресека, на возвишение во непосредна близина на врвот Самоклепица (1.129 м).
Историја Црквата била изградена во 1926 година, но не е познато кога и од кого била осветена.„Оризарска пархија “. Брегалничка епархија.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена припрата. Црквата има влез на западната страна преку припратата, како и два споредни влеза на северната страна. На јужната страна има три хоризонтално поставени квадратни прозорци, додека на северната страна има два хоризонтално поставени квадратни прозорци, сместени во просторот меѓу двата влеза. По еден квадратен прозорец има и на јужната и северната страна од припратата. Камбанаријата е прилепена до припратата. Таа има квадратна основа со влез на северната страна. Во нејзиниот горен дел има по една пространа монофора на секоја страна. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има четири помошни објекти, молитвен простор и дрвена помошна конструкција за верски обреди.
Галерија
Поврзано Пресечки манастир Црква „Св. Харалампиј“ - Пресека Пресека Оризарска парохија Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пресека Пресека