Свети Илија – манастирска црква на Речанскиот манастир.
Архитектура Црквата има правоаголна основа со припрата на западната страна којашто е отворена и е оградена со ниска метална ограда. Влезот на црквата е сместен на западната страна. На источната страна од градбата се издига камбанарија со шестаголна основа којашто во еден дел навлегува во црквата. Во нејзиниот горен дел има по два вертикално поставени прозорци на трите надворешни страни и по еден прозорец на страните коишто навлегуваат во црквата. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Речански манастир Речани (Кочанско) Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво
Надворешни врски
Категорија:Речански манастир Категорија:Речани (Кочанско) Речани