Палаули (самоански: Palauli) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Географија Палаули е округ кој се наоѓа во југоисточниот дел Саваи. Географски и административно е составен од два дела кои се оддлеени од источниот дел на округот Сатупаитеја. Административниот центар на округот е Ваилоа.
Според пописот од 2016 година, округот имал население од 9.300 жители. Кланската титула на округот е Лиломаиава.
Крајбрежјето на округот е интересен за туристи поради вулканското потекло и поради природната појава на исфрлање на вода од дупки во Алофага, во близина на селото Тага.
Значајна туристичја атракција е и праисториската населба во Пулемелеи. Samoan Village Patterns: Four Examples by Jesse D. Jennings, Richard Holmer and Gregory Jackmond, University of Utah, Journal of the Polynesian Society, Vol. 91, No. 1, 1982. Retrieved 6 November 2009
Галерија
Наводи
Поврзано Саваи Окрузи во Самоа
Категорија:Окрузи во Самоа