480 п.н.е. Персијците под водство на Ксеркс I извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка. 1918 Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен. 1929 Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања. 1934 Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија. 1941 Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата. 1960 Чад прогласува независност. 1966 Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус. 1972 Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам. 1999 Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија. 2003 НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.
11 август