Блажо Панушков Нешков ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште. Уште како младинец им помагал на своите домашни во полската работа, чувал добиток и носел дрва на скопскиот пазар. Имал голема омраза кон бугарските фашистички окупатори, бидејќи извршиле многу злосторства во неговото село. Затоа, кога бил повикан да отслужи воен рок во бугарската окупаторска војска, при запирањето на возот во Лесковац, тој избегал. Веднаш потоа побарал врска со партизаните, па така се приклучил во Пусторечкиот партизански одред. Неговите соборци му го дале прекарот Војкан. Учествувал во многу борби на одредот. Во борбата против бугарските фашисти на 12 март 1942 година, бил заробен. Без судење и сослушување го стрелале кај Магашил, близу Лесковац. Таму бил и закопан.
Поврзано
Тодор Нешков
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна