Никола Томев Манев ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како механичар. Од 1943 година организирано се борел против окупаторот. Неговата активност во народно-ослободителното движење се состоела во учество во разни акции: во собирање на материјална помош, растурање летоци како и во акцијата за испраќање нови борци во партизани. На 5 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на третиот баталјон. Се истакнал како смел борец во борбите на Водно, Треска и други места против балистите. Учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје и кога веќе речиси целиот град бил ослободен, бил погоден од скриени фашистички војници на 14 ноември 1944 година. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје