Трајан Блажевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од семејство на сиромашни родители. Завршил основно училиште, а подоцна бил рударски работник во Радуша. Во 1942 година стапил во организирана борба против окупаторот. Им се придружил на скопските партизани Дане Крапчев, Раде Јовчевски - Корчагин и Боро Петрушевски, кои во 1942-1943 година дејствувале на Шар Планина, создавајќи услови за формирање на броен и силен партизански одред. Во родното место бил еден од најактивните помагачи и директни учесници во НОВ. Благодарејќи на него и некои други борци Старо Село станало партизанска тврдина. Поради неговата активност бил затворен од бугарскиот фашистички окупатор и во април 1944 година бил стрелан од страна на Бугарските војски.
Поврзано Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:
Трипун Димитровски Петар Богоевски Трајко Кочовски Трајан Милошевски Атанас Крстевски Саве Серафимовски Милан Стаматовски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ