Томаш Саторански (; роден на 30 октомври 1991, во Прага, Чехословачка) е чешки кошаркар, бек или крило на Чикаго Булс и на чешката репрезентација.
Клупска кариера УСК Прага, Севиља и Барселона Од 2007 до 2009 година, Саторански играл за УСК Прага во чешкото првенство.
Во 2009 година, Саторански потпишал за шпанската Севиља со која настапувал во АЦБ лигата. Тој ги поминал следните пет сезони во Севиља, а најдобрите партии ги пружил во сезоната 2013-2014, кога во просек 12,1 поени, 3,8 скокови, 4,8 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар. Во меѓувреме, Саторански се пријавил на НБА драфтот во 2012 година, каде бил избран во втората рунда како 32-ри пик од Вашингтон Визардс. Истата година, тој играл за Визардс во Летнатата лига на НБА.
Саторански останал во Севиља до 2014 година, а еден од своите најдобри натпревари го одиграл на 15 март 2014 против Ваљадолид, завршувајќи со 15 поени и 10 скокови.
Во јули 2014, Саторански потпишал двегодишен договор со Барселона. Со оваа екипа го освоил Суперкупот на Шпанија, а во текот на истата таа сезона - 2015-2016, бил избран за најатрактивен играч на сезоната во шпанското првенство и се нашол во втората петорка на идеалниот тим на АЦБ лигата за сезоната. По завршувањето на најуспешната сезона во својата дотогашна кариера, Саторански ја напуштил Барселона со цел да се пресели во НБА лигата.
Вашингтон Визардс На 21 јули 2016 година, Саторански потпишал за Вашингтон Визардс. Една од своите најблескави партии во својата прва сезона во НБА, Саторански ја имал на 12 ноември 2016, кога постигнал 12 поени и 9 асистенции во поразот со 106-95 на гостувањето кај Чикаго Булс. За време на сезоната 2016-2017, Саторански играл релативно малку само 12,6 минути во просек, со реализација од 2,7 поени, 1,5 скокови и 1,6 асистенции по натпревар.
На 1 декември 2017 година, тој постигнал највисоки дотогаш во НБА кариерата 17 поени во победата од 109–91 над Детроит Пистонс. На 3 февруари 2018, тој поставил нов личен рекорд со 19 поени во победата со 115–98 над Орландо Меџик, а веќе следната недела го подобрил тоа остварување, постигнувајќи 25 поени со шут од игра 10/12 во победата со 101-90 над Чикаго Булс. На 11 јануари 2019 година, го забележал својот прв трипл-дабл во кариерата со 18 поени, највисоки во кариерата 12 скока и 10 асистенции во победата над Милвоки Бакс од 113-106.
Вкупно тој одиграл три сезони во дресот на Визардс, забележувајќи 210 натпревари со просек од 6,6 поени, 2,8 скокови и 3,7 асистенции.
Чикаго Булс На 6 јули 2019, Саторански бил трејдуван во Чикаго Булс. На 6 јануари 2020, Саторански регистрирал 11 поени, 5 скокови и највисоки во НБА кариерата 14 асистенции во поразот 110–118 од Далас Маверикс.
Репрезентативна кариера Саторански играл во сите возрасни категории на та репрезентација. Во 2010 година, тој играл на Европското првенство за играчи под 20 години.
Саторански ја претставувал сениорската репрезентацијата на Чешка на Европското првенство 2013 и Европското првенство 2015.EuroBasket 2013 profileEuroBasket 2015 profile Тој, исто така, играл на Европското првенство 2017 и и помогнал на Чешка да се пласира на Светското првенство 2019 за првпат во историјата на репрезентацијата.EuroBasket 2017 profile2019 FIBA World Cup profile
Наводи
Надворешни врски Томаш Саторански на Basketball-reference.com, Sports Reference LLC. Томаш Саторански на realgm.com, RealGM LLC. Томаш Саторански на nbcsportsedge.com Томаш Саторански на Eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки кошаркари Категорија:Играчи на КК Барселона Категорија:Играчи на Вашингтон Визардс Категорија:Играчи на Чикаго Булс Категорија:Родени во 1991 година