Масакр во Штип ― масакр извршен во близина на Штип, на 6 април, 1944 година, од страна на Бугарскиот окупатор, со стрелање на 12 партизани, патриоти, младинци и рудари од регионот на злетовско-пробиштипскиот и во кратовскиот крај.

Масакрот се случил по нападот на рудниците за олово и цинк во Злетово и Пробиштип од страна на Треттата македонска ударна бригада, на 3 април 1944 година. Во знак на одмазда, бугарската полиција извршила претрес низ куќи и при тоа уапсила голем број младинци, патриоти и рудари од самите рудници. Неколку дена биле подложени на ѕверско малтретирање и тепање во дворот на штипската касарна, а пред очите на работниците во фабриката за цигари која се наоќала веднаш до неа. Меѓу жртвите имало три жени и двајца странски државјани кои работеле во самите рудници.

Стрелани биле вкупно 12-мина:

Царка Андреевска од Кратово Владо Гаџев од Кратово Андреја Андоновски од Куманово Нада Михајловска од Куманово Ванчо Спасов од Кочани Мирослав Барага од Постојна, Словенија Вера Пазаванска од Кратово Цветко Тонев од Кратово Богдан Андоновски од Војник, Кумановско Драган Сибиновиќ од Малотино, Кумановско Владо Стојановски од Цветишница, Кумановско Томо Буиќ од Сињ, Хрватска На истата локација на 29 јули се стрелани ѝ: Митко Каналиски од Кратово Глигор Пазавански од Кратово

Наводи

Категорија:Масакри во Македонија Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна