Куковски Чукар () — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.233 м на главното планинско било, источно од врвот Маркови Кладенци. На југозапад од него се одделува Крчанов Рид. На југоисток преку седлото Стојкови Корита се поврзува со врвот Кулата, а на Североисток преку седлото Премката со Илинкина Чукарка. Врвот има куполест облик. Западните, северните и источните падини се благи, а јужните се пострмни. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Билото на врвот е обраснато со планинска тревна растителност. Западните и северозападните падини се покриени со бел бор, а источните се зафатени со обработливи површини.
Низ северното и источното подножје на Куковски Чукар поминува асфалтен пат од селото Првомај за поранешниот планинарски дом „Маркови Кладенци“. Во источните пазуви е сместено маалото Куково на селото Чуричени.
Поврзано Маркови Кладенци
Наводи
Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Огражден Категорија:Општина Петрич