Димче Аритонов Ристески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По занимање бил земјоделец. Определен за борба против окупаторот, почнал да работи за потребите на народно ослободителното движење. Во 1943 година бил осомничен како комунист од балистите и затворен. Во селото активно работел на собирање храна, облека, оружје, одржувал курирски врски и други работи за Народноослободителната војска на Македонија. На 20 ноември 1943 година, кога балистите го стрелале Реонскиот комитет во Карбуница, стрелан бил ѝ Димче заедно со своите другари - членови на Комитетот.
Поврзано
Масакр во Карбуница Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ