Бабини Колиби (наречени уште и Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква. Помеѓу селата Двориште и Ратево, под ридовите Шуманов Рид и Црква, од двете страни на долот се гледаат темели од стар објект околу кој има многу градежен материјал, фрагменти од керамички садови и питоси. На овој простор, бил најден епиграфски споменик посветен на царот Каракала.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште I — градиште од доцноантичкото време; Градиште II — градиште од доцноантичкото време; Рабуш — населба од доцноантичкото време; и Црква — старохристијанска црква.
Наводи
Категорија:Двориште (Беровско)