Гробишта — археолошко наоѓалиште во близина на селото Мачево, Беровско. Претставува старохристијанска црква со некропола. На 3 километри северозападно од селото, на висока тераса што се издига над Голем Дол се гледаат темели од мала старохристијанска црква со димензии од 8 × 5 метри. Околу неа се откриени гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Воднико — населба од неолитското време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Караѓузлија — населба од римското време; Кремениште-Селиште — населба од римското време; Манастир — старохристијанска црква; Мачево — населба од хеленистичкото време; Мачевски Чуки — могили од римското време; Могила — могила од римското време; Цуцуло — населба од римското време и старохристијанска црква; и Человеко — могила од римското време.

Наводи

Категорија:Мачево