Астрид Елса Фагреус-Валбом (; во — ) —шведски имунолог.
Образование и кариера
Фагреус добила докторат по медицина во 1948 година на Каролинскиот Институт. Во 1949 година била назначена за вонреден професор по бактериологија на Каролинскиот Институт во Стокхолм. Таа станала директор на одделот за вирологија во Шведската бактериолошка лабораторија во 1953 година. Во 1965 година станала првиот шведски професор по имунологија, на Каролинскиот Институт, и таму работела до 1979 година.
Научна работа
Во 1947 година, таа објавила труд во Nature во кој покажува дека во исто време кога се произведуваат антителата, плазма клетките се создаваат во слезините кај зајаците. Со низа експерименти во нејзината докторска работа, таа покажала дека антителата се лачат од плазма клетките.
Докторската работа на Фагреус, „Производство на антитела во релација со развојот на плазма клетките“, привлекла меѓународно внимание и се смета за пресвртница во модерната имунологија. Во оваа работа, таа била првата што покажа дека плазма клетките произведуваат антитела (IgG). Дотогаш нивната функција била непозната. Во текот на нејзината кариера објавила околу 80 научни публикации и била особено фокусирана на развојот и созревањето на Т-лимфоцитите во тимусот (градната жлезда). Меѓу подоцнежните придонеси на Фагреус спаѓа нејзината улога во развојот на шведската вакцина против детска парализа, заедно со професорот Свен Гард.
Награди и почести
Нејзината докторска работа била проследена со „Јубилејната награда“ на Шведското медицинско друштво во 1950 година. Американското здружение на имунолозите ја назначило Астрид Фагреус за почесен член во 1973 година. Истражувачки оддел во Каролинскиот Институтот е именуван по Астрид Фагреус.
Личен живот
Фагреус била ќерка на генералниот конзул Исидор Фагреус и Елза Бекстром. Во 1955 година се омажила за режисерот Свен Валбом и имала две деца, Керстин (родена 1955 година) и Ен (родена 1956 година). Таа е погребана на гробиштата во Солна, Стокхолм.
Наводи
Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Шведски научници Категорија:Шведски имунолози