Барово — осамени наоди од римското време. Од атарот на селото потекнуваат два споменика од кои едниот е вотивен, посветен на Фортуна, а другиот надгробен. Спомениците се исчезнати.

Градиште — градиште од доцноантичкото време. На 2 км северно од селото, на највисокиот врв на западниот крај на Водно, на мало карпесто плато со доминантна местоположба и со димензии од 110 × 110 м се гледаат остатоци од одбранбен ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се гледаат темели од повеќе градби за живеење и темели од старохристијанска базилика, остатоци од цистерна за вода, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Св. Атанасија — некропола од римското време. Во непосредната близина на црквата селаните откриле повеќе надгробни споменици, а еден е вѕидан до портата на дворот од црквата.

Литература Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.

Категорија:Списоци на археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Барово (Скопско)