Свети Ѓорѓи – манастирска црква на Параловскиот манастир.
Историја Црквата била изградена во 1860 или 1878 година, а се петпоставува дека на местото имало средновековна црква.„Паралово “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Ѓорѓи. Непосредно до главниот влез се издига камбанаријата којашто е прилепена до западната страна на храмот. Таа е со квадратна основа и во горниот дел на јужната, западната и северната страна има по една отворена монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на јужната страна, непсоредно до главниот влез на црквата, и над него има празна ниша. Објектот на црквата и камбанаријата во целост е обоено во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.
Црквата е сместена во посебен дел од дворот на манастирот до којшто се влегува преку порта над којашто има бакрорез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата. Во непосредна близина на црквата има мал помошен објект.
Галерија
Поврзано Параловски манастир Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово Паралово Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Паралово Паралово