Битката за Франција () [10 мај - 25 јуни 1940 година] познатa и како Западната кампања (), Француската кампања (, ) и Падот на Франција, ― германската инвазија над Франција, Белгија, Луксембург и Холандија за време на Втората светска војна. На 3 септември 1939 година, Франција и објавила војна на Германија, по германската инвазија на Полска. На почетокот на септември 1939 година, Франција ја започнала ограничената офанзива на Сар и до средината на октомври се повлече на своите почетни линии. Германските војски ги нападнале Белгија, Луксембург и Холандија на 10 мај 1940 година. Италија влегла во војната на 10 јуни и се обидела да изврши инвазија на Франција. Франција и Ниските Земји биле освоени, завршувајќи ги копнените операции на Западниот фронт до слетувањето во Нормандија на 6 јуни 1944 година.

Во „Жолтиот случај“ (германски: Fall Gelb), германските оклопни единици извршиле ненадејно туркање низ Ардените, а потоа по долината на Сома, отсекувајќи ги и опкружувајќи ги сојузничките единици кои напредувале кон Белгија за да се сретнат со германските војски. Британските, белгиските и француските сили биле турнати назад во морето од страна на Германците, а британската и француската морнарица ги евакуирале опколените елементи на Британските експедициски сили (БЕС) и француската и белгиската војска од Данкерк во операцијата Динамо.

Германските сили го започнале „Црвениот случај“ (Fall Rot) на 5 јуни 1940 година. Шеесетте преостанати француски дивизии и двете британски дивизии во Франција решиле да застанат на Сома и Ен, но биле поразени од германската комбинација на воздушна надмоќност и оклопна мобилност. Германските војски ја надминала недопрената Мажинова линија и навлегла длабоко во Франција, окупирајќи го Париз без отпор на 14 јуни. По бегството на француската влада и колапсот на француската војска, германските команданти се сретнале со француските службени претставници на 18 јуни за да преговараат за крај на непријателството.

На 22 јуни 1940 година, Франција и Германија го потпишале Второто примирје во Компјењ. Неутралната Вишиевска влада предводена од маршалот Филип Петен ја замени Третата република и германската воена окупација започна по должината на француското Северното Море и бреговите на Атлантикот. Италијанската инвазија на Франција над Алпите зазела мала количина земја и по примирјето, Италија окупирала мала област на југоисток. Вишиевскиот режим ја задржал „слободната зона“ () на југ. По сојузничката инвазија на Француска Африка во ноември 1942 година, Германците и Италијанците ја преземале контролата врз зоната сè додека не била ослободена од сојузниците во 1944 година.

Забелешки

Фусноти

Наводи Книги

Весници

Мрежни места

Дополнителна литература Книги

Тези

Надворешни врски In The Battle of France 1940 (Official Nazi propaganda account of the Battle of France) The invasion of Holland in May 1940

Категорија:Инвазии на Германија Категорија:Западен фронт (Втора светска војна) Категорија:Битки на Обединето Кралство во Втората светска војна Категорија:Битки на Италија во Втората светска војна Категорија:Воена историја на Канада во Втората светска војна Категорија:Битки на Канада во Втората светска војна Категорија:Битки на Полска во Втората светска војна Категорија:Воени операции во Втората светска војна (Западен фронт) Категорија:Судири во 1940 година Категорија:Статии со извори на полски (pl) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со извори на германски (de)