Бошановце — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Петралица. Претставува могила од римско време. Во месноста Бошановце има могила која со обработувањето на земјата е во голема мера зарамнета. Откриен е гроб - циста, во кој се најдени железен меч и бронзен накит. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 20, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бошановце — могила од римското време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Градиште I и II — градиште од доцноантичкото време; Градиште III — градиште од доцноантичкото време; Дубрава — населба од доцноантичкото време; Китка — некропола од доцноантичкото време; Кутлев Крст — тумба — населба и некропола од доцноантичкото време; Селиште — населба од доцноантичкото време и средновековна некропола; Петралица; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи