Грамади — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Отошница. Претставува населба од доцноантичкото време. Јужно од патот Отошница-Ветуница, на левиот брег на Отошинска Река, во нивите на еден жител и земјоделската задруга „Малина“, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал односно кршен камен, тегули и покривни ќерамиди.

Поврзано Аниште — населба од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Лиске — населба од доцноантичко време; Могила — некропола од римското време; Отошница; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи