Манастирче — археолошко наоѓалиште во атарот на селото Крајници, Македонија. Претставува некропола од римското време. Во непосредна близина на селото, на околу 100 м од чешмата се откриени повеќе гробови со конструкција од камени плочи. Исто така, откриени се една стела и горен дел од торзо во природна големина. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.
Поврзано Градиште — населба од доцноантичкото време; Мрамор — населба од доцноантичкото време; Припор — населба од средниот век; Сувак — некропола од римското време; Крајници; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Крајници (село)