Воена заднина во НОВ (1941-1944) ― заднински органи, селски комитети (тајни воени комитети), кои биле формирани од почетокот на востанието (1941-1942 година), заради обезбедување на животните потреби на народноослободителните партизански одреди.

Подоцна со првите ослободени територии, развојот на овие органи бил ускладен со развојот на НОВ. Со формирањето покрупни воени единици, баталјони и бригади, во 1943 година биле формирани и служби за снабдување - интендантура, со надлежност за набавка и распределба на разни материјали и животни средства. Паралелно со тоа биле формирани и военозаднинските органи, командите на места и командите на подрачја, во чијашто надлежност била ѝ грижата за болниците, работилниците, магацините и слично.

Со создавањето на дивизиите и корпусите во 1944 година, се настојувало заднинските служби на тактичките и оперативните единици да се развиват посамостојно, но секогаш во соработка со военозаднинскиот систем на НОВ и ПОМ.

Воени комитети на село во НОВ Овие комитети главно биле формирани по селата од крајот на 1941 година, а најбројни во 1942 година. Се појавиле како истурени органи на месните воени штабови со военозаднински задачи. Некаде ги среќаваме и како тајни воени комитети. Ги извршувале следните задачи:

собирање оружје, храна и опрема обезбедување исхрана за партизанските одреди одржување врски со партизанските одреди и со месните воени штабови разузнавачка работа и слично.

Според својот карактер и улога имале двојна улога: како военозаднински органи и како органи со задачи од доменот на народната власт. Подоцна со развојот на востанието и по создавањето на слободните територии, од некои од нив произглегле и народноослободителните одбори.

Военозаднински органи на НОВ Овие органи се познати ѝ како команди на места и команди на подрачја, формирани на слободната територија во западна Македонија, во Кичево, Дебар и село Издеглавје, во септември 1943 година, а во 1944 година и во другите области на Македонија, со задача да ги преземат военозаднинските должности од штабовите на оперативните зони.

Основни задачи Основни задачи на командите на местата и на командите на подрачјата биле:

заштита на личната и имотната сигурност на жителите осигурување на прометот и сообраќајот борба против народните непријатели разузнавачка работа соработка со НОО за мобилизација на нови борци собирање оружје мобилизација на товарен добиток како и на запрежни и моторни возила обезбедување храна, облека, обувки и слично.

Сите команди на местата се грижеле и за заштитата на селата заради што формирале и селски стражи.

Наводи

Категорија:Воена заднина во НОВ Категорија:НОБ Категорија:Македонија во Втората светска војна