Катун — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален. Претставува населба од средниот век.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 200 метри западно од селото и 50 метри лево од патот за селото Кокре, каде има природна височинка.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, расфрлени камења и камени плочи. Најголемата концентрација на остатоците е на простор од околу 100 х 50 метри, издолжен во правец исток-запад. Оттука потекнува камена мелница која се чува во куќата на Божин Бошевски.
Поврзано Грамаѓе - населба и некропола од римско време; Маркови Кули – тврдина од доцноантичко време и среден век; Темник - некропола од хеленистичко време; Трпчева Црква - црква и населба од среден век; Св. Спас - осамени наоди од римско време; Црквиште – црква од старохристијснако време; Казан — населба од бронзеното време; Момирица — праисториска населба; Кален; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кален