мини|десно|Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин на средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани во јуни 2021 Талибанска офанзива во 2021 година, наречена уште и летната офанзива — воена офанзива на талибанската бунтовничка група и други милитанти сојузници против Исламската Република Авганистан, со која паднала републиката со седиште во Кабул и бил означен крајот на речиси 20-годишната војна во Авганистан, која започнала по инвазијата на Авганистан од САД.

Офанзивата започнала на 1 мај, за време на повлекувањето на американските војници и меѓународните сојузници од Авганистан. За три месеци од почетокот на офанзивата, талибанците постигнале значителни територијални придобивки во поруралните места, зголемувајќи го бројот на области под нивна контрола од 73 на 223. На 6 август талибанците лансирале напади врз главните градови на покраините, при што повеќето градови се предале без борба. Овој дел од офанзивата кулминирал на 13 август со победи на талибанците во повеќенеделните битки за големите градови како Херат, Кандахар и Лашкарга. На 15 август претседателот Ашраф Гани го напуштил Авганистан, а талибанците го зазеле главниот град Кабул без отпор. Така, владата на Исламската Република Авганистан паднала, при што де факто власта во земјата била преземена од талибанците и бил возобновен Исламскиот емират Авганистан.

Наводи

Категорија:Талибанци