Џонатан Свифт (; Даблин, 30 ноември 1667 - Даблин, 19 октомври 1745 ) — најголем англиски критичар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. Негови познати дела се романот „Гуливеровите патувања“, „Битка на книгите“ и „Приказна за бурето“.
Животопис Младост Роден е во Даблин како второ дете на Џонатан и Абигејл Ерик Свифт. Татко му е роден во Ирска, а мајка му во Англија. Неговиот татко починал седум месеци пред неговото раѓање. За неговото детство малку се знае, а фактите за него често се контрадикторни. Се верува дека мајка му се вратила во Англија додека Џонатан бил многу млад. Го оставила Џонатан кај фамилијата на својот татко. За младиот Џонатан најмногу се грижел неговиот вујко Годвин. Годвин го пратил Џонатан во гимназијата Килкени заедно со неговите роднини. Од 1682 студирал на колеџот Тринити во Даблин, на кој дипломирал во 1686 година. Додека ја спремал магистратурата, поради политичките немири бил принуден да замине во Англија. Мајка му му помогнала да стане секретар и личен помошник на Сер Вилијам Темпл. Вилијам Темпл бил дипломат, кој бил заслужен за Тројниот сојуз од 1668 г.
„Никогаш не се чудам што гледам злобни луѓе, но често се чудам што ги немам видено да се засрамат“
Влијание Во чест на Свифт, ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс ја има напишано кратката песна, „Епитафот на Свифт“ (Swift's Epitaph).Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 148.
Наводи
Категорија:Ирски писатели Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски сатиричари Категорија:Ирски сатиричари Категорија:Ирски романописци Категорија:Англиски романописци Категорија:Ирски поети Категорија:Англиски поети Категорија:Англикански христијани од Англија Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет