Таки Хрисик (, - , ) ― македонски композитор и музички педагог.

Животопис Музика учел кај австрискиот композитор и диригент Алберт Храше, а музичкото образование го доизградил по ослободувањето во Скопје. Потоа заминал во Битола, каде што работел како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работел и како диригент на хорот „Стив Наумов“.

Творештво Во СФРЈ, постоеле неколку обиди за промена на химната Еј, Словени. Последен посериозен обид бил во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива била мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик, која всушност била и одбрана како најдобра на анонимен конкусрс.

Хрисик бил автор на голем број на хорски дела, камерна музика, соло песни, оркестарски дела и околу 1500 мелографски записи на македонски и влашки песниTaki Hrisik ‎– Svečana Pesma.

Неговата свечена песна за браќата Св. Кирил и Методиј е химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Работел како диригент на хорот „Стив Наумов“ во Битола.

Наводи

Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски Власи Категорија:Југословенски композитори Категорија:Македонски диригенти Категорија:Југословенски диригенти