Градиште — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Дренак. Претставува опидум од доцноантичкото време. На северозападниот крај од селото има висок рид со зарамнето плато кој доминира над околниот простор. По површината на платото се гледаат остатоци од темели на одбранбен ѕид, како и фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. Најдени се и монети од Јустинијан I.

Поврзано

Дренак; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско.

Наводи