мини|десно|250п|Бајски Канал кај Бездан Бајски Канал е воден тек кој го спојува градот Баја во Унгарија со Големиот Бачки Канал кај Бездан, проаѓајќи низ Националниот парк Дунав-Драва и Специјалниот резерват на природата Горње Подунавље. Долг е вкупно 44 километри, од кои 33 се од унгарска, а 11 од српска страна. Се смета за најчист канал во Србија поради што има богат рибен фонд. Настанoк и развој Бајскиот Канал настанал од еден меандер на Дунав, но со промена на главниот речен тек останал отсечен. Поради својот пловен потенцијал бил уреден и на него се одвивал водениот сообраќај, а за да се регулира нивото на водата биле изградени преводници. Како последица, после Првата светска војна, поголемиот дел од каналот останал во Унгарија, која не видела интерес од чистење на каналот од калливиот влез во каналот, што се одразило и на Големиот Бачки Канал. Дури со договорот од 1930 година било решено прашањето за снабдување на каналот со вода, а и понатамошното негово одржување. Со каналот во 1931 година се одвивале 10 проценти од вкупниот извоз на Кралството Југославија.
Премините Шебешфок и Бездан, на влезот во Големиот Бачки Канал, од 1988 година не биле во функција. Биле реконструирани во 2020 година, додека Бајскиот Канал бил исчистен од унгарската страна во дужина од 35 километари Флора и фауна Поради изразито чистата вода, Бајскиот Канал е познат како живеалиште за речиси сите слатководни рибни видови. Бреговите на каналот се обраснати со трска, додека во крајбрежните делови можат да се видат водени бели кринови. Покрај каналот се протега шумата „Карапанџа”, во која доминира дабот лужњак. Галерија
Наводи
Надворешни врски
SRP “Gornje Podunavlje“ на сајту vojvodinasume.rs Bajski kanal на сајту gimnazijaso.edu.rs
Категорија:Географија на Војводина Категорија:Речни канали