Драгачевски сабор е годишен трубачки фестивал и фестивал на фолклорот и народното творештво кој се одржува во Гуча, во регионот Драгачево. Неколку стотини илјади посетители, од Србија и странство, секоја година го посетува селото со неколку илјади жители. Во 2005 година, снимен е документарен филм за овој фестивал, Гуча!.
Драгачевски сабор на трубачите во Гуча во 2020 година, по предлог на Центарот за култураи спорт на општина Лучани, е вупишан на листата на Нематеријално културно наследство на Србија.
Историја на саборот Првиот Драгачевски сабор во Гуча започнал сосема скромно, кон средината на октомври 1961 година, кога учествувале четири оркестра. Го замислил долгогодишниот новинар на „Дуга“ и „Политика” Благоје Блажа Радивојевиќ (1925 – 2016) година.Част и слава оснивачу Сабора у Гучи („Политика”, 9. новембар 2016) Голем придонес во осмислувањето на оваа приредба дал писателот Бранко В. Радичевиќ, кој на фестивалот му го дал името „Голем (народен) сабор ‘Од Овчари и Каблари’ („српски јазик:Велики (народни) сабор ‘Са Овчара и Каблара’“).
За фестивалот се заслужни и музичарите Миодраг Васиљевиќ, Предраг Радмилац, Драгољуб Јовашевиќ, Драгослав Девиќ, Живојин Здравковиќ, Боривоје Илиќ, Будимир Гајиќ, воениот музичар Миломир Милетиќ од Тијање и двајца Драгачевци, Властимир Лала Вујовиќ и Никола Ника Стојиќ.
По наговарање од страна на Бранко В. Радичевиќ, во популаризација на српската труба се вклучил и листот „Вечерње новости“, кој години подоцна продолжил да доделува „Златна труба“ на најпопуларниот трубач на Саборот.
Почнал да излегува и лис од Драгачевскиот сабор, во 1967 година под назив Драгачевски трубач. Цел на овој пишан медиум била повеќезначна. Меѓу другото да го чува сеќавањето и да ја популаризира оваа единствена, одамна веќе, меѓународна манифестација.
Домаќин на Драгачевскиот сабора во 2013 година бил Добрица Ериќ.Недеља прође: Добрица Ерић, песник („Вечерње новости“, 11. август 2013) Драгослав Петровиќ во 2012 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш ја одбранил докторската дисертација под назив „Местото и дометот на Драгачевскио сабор во културното миље во Србија” („српски јазик:Место и домашај Драгачевског сабора у културном миљеу Србије”).Први докторат на тему Сабора трубача у Гучи („Политика”, 14. август 2017)
Галерија
Поврзано Музеј на трубата Трубаштво Нематеријално културно наследство
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Филм за Гуча Сабор у „Политици” („Политика”, 12. август 2016) Син, унук и деда у финалу Гуче („Политика”, 12. август 2017) Они су писали историју Гуче („Политика”, 16. децембар 2017) Ивер не пада далеко од кладе („Политика”, 12. август 2018) Прва љубав заборава нема („Политика”, 11. август 2018)
Категорија:Српска култура Категорија:Нематеријално културно наследство на Србија Категорија:Туризам во Србија Категорија:Српски музички фестивали Категорија:Музика во СФРЈ Категорија:Појавено во 1961 година