Ромен Ролан (француски: Romain Rolland) (Клаиси, – Везле, ) — француски раскажувач, романописец, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
Познати се неговите дела „Жан Кристоф“, „Кола Брењон“, „Маѓепсана душа“, „Дантон“, потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој.
Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература.
Со заострувањето на политичките прилики во Европа сè повеќе се приближува кон левицата и се декларира како припадник на комунизмот. Оставил огромна коресподенција со Толстој, Ганди, Рилке и други истакнати негови современици.
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски раскажувачи Категорија:Француски романописци Категорија:Француски драматурзи Категорија:Француски музиколози Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Француски нобеловци Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз