Лавиринт — македонски енигматски двомесечник, чиј прв број излегол во мај 2020 година. Енигматскиот магазин прво чинел 50 денари и излегувал на 52 страници како месечник, а сега се печати на 68 страници и чини 70 денари. Лавиринт е во сопственост на фирмата Аурион од Скопје, во чија сопственост се и двомесечниците „Лавиринт Плус“, „Лавиринт Сканди“ и „Лавиринт Судоку“.
Наводи
Освежување за енигматичарите - Нов магазин „Лавиринт“ во продажба