Дебелица — археолошко наоѓалиште во струшкото село ’Ржаново. Претставува населба од доцноантичко време.

На околу 3-4 км источно од селото, на блага падина што се спушта кон исток се забележуваат грамади од градежен материјал. По површината се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и згура од топено железо.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 398, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

’Ржаново; Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.

Наводи