Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведен како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 под реден број 10 во Битола.
Местоположба Се наоѓа на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 6. До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8.
Историја Изградена во 1903 година како сопственост на Свети Димитрија, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот се користел како административна зграда и бил даден на Францускиот конзулат во градот.
Архитектура Архитектонскиот концепт на објектот е комбинација на станбена и јавна зграда. Нејзините архитектонски особености се чист француски неокласицизам - еден од најдобрите примери во Македонија. Јужната фасада е украсена со чисти класични форми со столбови дорски ред и балкон на катот во облик на колонада, кој образува отворена галерија. Фасадата е богато украсена со профилирања околу прозорците како и употреба на керамопластични украси во вид на розети над отворената галерија.
Наводи
Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Битола