Куќа на Кадри Шех — стара куќа во градот Охрид. Како дел од комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“ прогласена за културно наследство на Македонија.
Куќата на Кадри Шех е сместена на средишно место на Чаршијата на улица „Гоце Делчев“ бр. 8 и доминира на плоштадот со Стариот чинар. Изградена е од шехот Зекерија (старешина на теќето) во 1897 - 1900 година, кој воедно го проширил и Хајати баба-теќето. На крајот од XX век е одново изградена, делумно зачувувајќи го оригиналот и украсните елементи на јужната и источната фасада. Главно место на средишната јужна фасада зазема чардакот, кој завршува со заоблен тимпанон. Има пиластри со украсни палмети. Внатре се зачувани оригиналните резбани тавани, врати, ламби, стари сребрени кујнски предмети, библиотеката со стари книги на персиски, османски турски јазик, печати и сереџе.
На 8 јули 1996 г. куќата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Кадри Шех Кадри Шех Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Појавено во 1900 година во Македонија